Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за време на настапите на „Австралија опен“ заплака во моментите кога новинарите го прашаа за Коби Брајант. Тенисерот не успеа да ги задржи емоциите и потресен од прераната смрт на неговиот пријател изјави дека му била голема чест што можел да го нарече свој пријател.
„Не знам што да кажам. Сите нè фати неподготвени. Коби е еден од најголемите спортисти на сите времиња. Ме инспирираше мене и многу други. Јас ја имав таа среќа да имам одличен однос со него. Тој ми ја даваше поддршката кога најмногу ми беше потребна. Ми даваше совети, секогаш беше со мене. Беше мој ментор, мој пријател. Навистина е трагично она што му се случи него и неговата ќерка“, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ на својата опрема ги напиша иницијалите на Брајант К.Б. и бројот кој кошаркарот го носеше на дресот 24.
Текстот (Фото) „Беше мој ментор и пријател“, Ѓоковиќ заплака кога го прашаа за Коби Брајант е превземен од Reporter.mk.