Бојан Јовановски, познат како Боки 13, вчера беше уапсен на граничниот премин Богородица. Тој вечерта беше однесен пред истражен судија, кој му изрече 30-дневен притвор. Кога полицијата го уапсила, од автомобилот ги зела сите лични предмети на Боки, а меѓу нив и чантата „Биркин“ од брендот „Хермес“, која чини околу 20.000 евра, а која, исто така, беше однесена во судот.
„Биркин“ е една од најскапите чанти на светот. Чантата го добила името по актерката Џејн Биркин. Секоја чанта од овој бренд се произведува рачно. Листата на чекање за да се купи ваква чанта е долга, понекогаш дури и по неколку години. Најскапата „Биркин“ чанта е продадена на аукција во 2015 година за 221.000 долари.
За потсетување, Боки 13 беше уапсен вчера кога се обидел да излезе од земјава. Тој е осомничен за изнудување рекет од бизнисменни и дека од еден од нив зел 1.5 милиони евра.
Текстот (Фото) Боки 13 носел чанта од 20.000 евра кога го уапсиле е превземен од Reporter.mk.