Актерот Бред Пит, кој, како што неодамна пренесоа светските магазини, е во врска со Шарлиз Терон, деновиве бил снимен заедно со неговите агенти низ улиците на Лос Анџелес како бара нова работа.
Папараците велат дека Бред бил видно расположен и насмеан, а во еден момент дури и ги поздравил мавтајќи им. Бред сеуште официјално се нема разведено од Анџелина Џоли со кого води спорт околу старателството на децата.
Со актерката Шарлиз Терон бил снимен во еден локал, а двајцата се смееле и биле видно расположени. Нивни блиски пријатели велат дека цела вечер Бред ја држел раката на нејзиниот грб.
Добро известен извор тврди дека и двајцата биле во врска нешто помалку од месец дена, поради што не сакале да даваат никакви изјави за медиумите. Бред ја запознал Шарлиз преку нејзиниот поранешен вереник Шон Пен.
Текстот (Фото) Бред Пит бара работа низ Лос Анџелес е превземен од Reporter.mk.