Актерот Бредли Купер скришно бил снимен од еден од патниците во метро, заедно со неговата двегодишна ќерка Леа де Сена. Откако фотографиите излегоа во јавност, актерот објасни дека сака да живее нормален живот како и секој друг човек и дека има желба да ја научи ќерка му од мали нозе да користи јавен превоз.
Купер обожава да го минува времето со Леа. Таа е единствената причина која го задржа подолго време заедно со светскиот модел Ирина Шајк, пишуваат светските медиуми.
Двајцата се договорија да имаат еднакви родителски права, пренесе порталот „Ти-ем-зи“. Според нив, Ирина и Бредли сакаат да останат пријатели и да не почнуваат кавги слични на оние меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли.
Двајцата се сложиле да живеат во Њујорк, за нивната ќерка да поминува подеднакво време со двајцата. Претходно, Бредли и Ирина живееја во заедничка куќа во Лос Анџелес, но Ирина се отсели кога раскинаа и се врати во Њујорк каде што има стан.
Текстот (Фото) Бредли Купер ја учи ќерка му Леа да користи јавен превоз во Њујорк е превземен од Reporter.mk.