(Фото) Брена се опушта на Бора Бора, Боба пуши томпус

Српската пејачка Лепа Брена максимално го користи одморот на Бора Бора, дестинација каде престојува со нејзиното семејство.

Тропскиот остров претставува втор дел од одморот на семејството Живоиновиќ. Претходно Лепа Брена со сопругот и децата ги посетија Виетнам и Сингапур. На островот Бора Бора, пејачката ужива во шармот на моерто.

Брена со сопругот Боба и синовите се сместени во најлуксузниот хотел, кој има поглед директно на водата. Велат дека имаат можност да уживаат во изобилието на овошјето и зеленчукот на оваа егзотична дестинација.

Брена и Боба исто така велат дека поголемиот дел од времето го минуваат одвоени од нивните синови Стефан и Виктор.

Живоиновиќ успеаа да ја искористат турнејата низ Австралија и семејно да уживаат и на островите Бали. Папараците успеаа да направат ексклузивни фотографии на кои се гледа како семејство Живоиновиќ ужива и кога мислат дека се безбедни од папараците.

Текстот (Фото) Брена се опушта на Бора Бора, Боба пуши томпус е превземен од Reporter.mk.