Фолк-пејачката Лепа Брена вчеравечер одржа голем концерт во Бања Лука. Таа на сцената се појави во проѕирен комбинезеон во месо боја со пердуви и ја воодушеви публиката со својот изглед.
„Секси баба“, „Брено, ти нема рамен“, „И глас и стас“ се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Пејачката секогаш внимава на својот изглед. Таа ги воодушеви фановите од целиот Балкан и со изгледот на свадбата на посинокот Филип Живојиновиќ со Александра Пријовиќ, кога смени три комбинации, меѓу кои и виолетовиот фустан со мал шешир, заради што стилистите пишуваа дека личи на член на кралското семејство.