(Фото) Бриџит Макрон ги дочека фудбалерите

Со својот младешки стил, рушењето на предрасудите и кршењето на непишаните модни правила, Бриџит Макрон и тоа како успеа да се истакне во светот на првите дами.

Во улогата на домаќинка, 65-годишната сопруга на францускиот претседател во Јелисејската палата ја дочека фудбалската репрезентација на Франција, која на Светското првенство во Русија се закити со златен медал во финалето против Хрватска. Уважените гости во придружба на сопругот, претседателот Емануел Макрон, Бриџит ги дочека во издание типично за нејзиниот стил на облекување.

Според написите во медиумите, елегантниот морнарскосин фустан до колена е со потпис на нејзината омилена модна куќа „Луј Витон“.

Формалното издание за дочек на француската фудбалска репрезентација го заокружила со модел на салонки во неутрална боја и впечатлив сребрен накит.

Освен претставниците на француската фудбалска репрезентација, кои во Јелисејската палата стигнале со реплика на трофејот на ФИФА, на големата прослава во претседателската резиденција присуствувале и сопругите на француските фудбалери во друштво на своите деца.

 

 

Текстот (Фото) Бриџит Макрон ги дочека фудбалерите е превземен од Reporter.mk.