Сопругата на францускиот претседател Бриџит Макрон, за време на дводневната службена посета на Финска се реши штиклите да ги замени со патики.
Бриџит во Хелсинки беше во посета на нова изградена детска болница, а друштво и правеше сопругата на финскиот претседател Јенни Хаукио. Бриџит на себе носеше сино сако од модната куќа Balmain, како и панталони во истата боја.
Потоа двете се упатија на разгледување на тврдината Суоменлина, каде Бриџит се појави во патики од својот омилен дизјнер, кој работи за модната куќа Louis Vuitton.
Фановите веднаш почнаа да се шегуваат на сметка на првата дама на Франција, но имаше и такви кои ваквиот стајлинг воопшто не ги изненади.
Бриџит е позната по тоа што знае да ги помести границите на невообичаено облекување, па голем дел од фановите на социјалните мрежи велат дека ваквиот избор на облека и не е премногу за изненадување.
Текстот (Фото) Бриџит Макрон со патики во официјална посета на Финска е превземен од Reporter.mk.