Емануел и Брижит Макрон се на летен одмор. Парот престојува во тврдината Fort de Brégançon, која е официјална летна резиденција на француските претседатели од 1968 година.
65-годишната француска прва дама беше пресретната од група новинари и туристи додека се возеше на велосипед заедно со двајца телохранители.
Љубезната сопруга на Емануел не ја одмина групата без да даде кратка изјава и да дозволи да биде фотографирана.
Облечена во спортска маица и кратки панталони, Брижит возеше електричен велосипед.
Текстот (Фото) Брижит Макрон во жешки панталончиња е превземен од Reporter.mk.