(Фото) Брус Вилис го продава својот дом во Њујорк

Луксузниот имот на Брус Вилис сместен на само 65 километри од Менхетен сега е на продажба.

Се наоѓа на површина од 8.9 хектари.

Поседот, кој се простира на два плаца, има вкупно четири одвоени куќи, со 12 спални соби и девет бањи, со додатни три тоалети.

Славниот актер за бара 13 милиони долари.

Површината на главната куќа е околу 900 квадрати, а поседува пет спални соби, двор и градина, базен со солена вода и куќичка покрај базенот. Тука се наоѓа и гаражата за два автомобила и дворот со поглед на вештачко езеро.

Текстот (Фото) Брус Вилис го продава својот дом во Њујорк е превземен од Reporter.mk.