Виртуозот на гитара, Влатко Стефановски, наполни 63 години. Тој на „Инстаграм“ се пофали дека најубавата честитка ја добил од децата, ќерката Ана и синот Јан, па објави слика со роденденска торта што му ја купиле, а со порака „Среќен роденден тато“.
„Благодарам, сакани деца мои“ напиша Влатко. Родененот потоа му го честитаа многу пријатели, но и јавни личности.
Стефановски не крие дека по смртта на сопругата, децата му се најголемата поддршка. Синот Јан во моментов свири со Влатко во неговото „Влатко Стефановски трио“, а ќерката Ана лани докторираше на Универзитетот во Падова, Италија.
Неодамна во интервју за „Репортер“ тој откри дека тие се прекрасни деца, но и дека жали што не растеле во време во какво што растел тој. „Блиски сме, многу сме блиски. Тие ми се и најголемите критичари, знаат да ми кажат кога нешто не чини, а јас им верувам“, рече тогаш Влатко.
За потсетување, Влатко Стефановски е роден во Прилеп на 24 јануари 1957 година. Тој е еден од основачите на култната рок-група група „Леб и сол“. Првите соло-настапи ги имал на почетокот на 1990-те, а во 1994 година го снимил својот прв самостоен албум, „Каубои и индијанци“. Во моментов свири во „Влатко Стефановски трио“.
Ја оставив партнерката сама, за среќа, беше згодна, па се снајде – искрено со Влатко Стефановски
Текстот (Фото) Чоколадна торта за роденден – Децата го изненадија Влатко Стефановски е превземен од Reporter.mk.