(Фото) Чолиќ го разгоре огнот меѓу Шеќеринска и Бобо

Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска вчера се забавуваше на концертот на Здравко Чолиќ во Скопје. Таа на концерт дојде со сопругот, бизнисменот Божидар Јанковски, познат како Бобо Дајнерс, и со неколку нивни пријатели. Од моментот кога Здравко ја запеа првата песна „Гори ватра“ (Гори оган), Шеќеринска и Бобо почнаа да пеат со него, а министерката повремено играше понесена од атмосферата.

На првата песна „Гори ватра“ не одолеа ни познатата брачна двојка

Радмила и Бобо Дајнерс се во брак од 2006 година и ја имаат ќерката Ада. Министерката често споделува семејни фотографии на социјалните мрежи, а меѓу последните е семејна фотографија по гласањето за европска Македонија.

(А.Ј)
Фото: Д. Перковски

 

(Фото) Рада фамилијарно на бурек по гласањето

Текстот (Фото) Чолиќ го разгоре огнот меѓу Шеќеринска и Бобо е превземен од Reporter.mk.