Франка Бателиќ (26) и Ведран Чорлука (32) и нивните поканети гости се забавуваа до раните утрински часови на Истра.
По желното исчекување на венчавката, стотина гости до раните утрински часови пееја песни и пиеја алкохол во чест на евровизиската пејачка и сребрениот хрватски фудбалски репрезентативец.
На свадбата се јадеа само деликатеси, а гостите имаа можност да уживаат и во домашните вина од Истра.
Франка и Ведран пееја голем број на песни заедно со нивните пријатели, а на обожавателите кои не успеале да ги поканат на свадбата се пофалија со снимка од веселбата, пеејќи ја песната на групата Сарс, „Лутка“.
Пејачкта се пофали и со снимка на која со сопругот танцува на хитот на Тони Цетински, „Се е со тебе конечно на место“.
До доцна во ноќта останаа и Лука Модриќ (32) и неговата сопруга Вања.
Текстот (Фото) Чорлука и Бателиќ приредија незаборавна „фешта“ е превземен од Reporter.mk.