Поп-пејачката Дани Димитровска е во Париз, каде што заедно со дечкото Весел беа на концертот на „Ју ту“. Дани постојано споделува фотографии од таму на својот инстаграм-профил, па дури и неколку видеа од тоа како поминал концертот. Дани е во љубовна врска со Весел подолго време. Тој е поранешен кошаркар и газда на познато скопско кафуле во населбата Аеродром. Пејачката ретко споделува нивни заеднички слики и ретко зборува за него. Пејачката неодамна го сврте вниманието откако драстично ги намали килограмите, заради што цело лето беше на посебен режим на исхрана.
Текстот (Фото) Дани со дечкото во Париз е превземен од Reporter.mk.