Македонски текстописец, композитор и музички продуцент Дарко Димитров ` ја направи првата песна на Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца. Неодамна споделија и заедничка фотографија, кога Анастасија заедно со Цеца дојдоа во Скопје заради снимањето на првата песна. Речиси сите коментираат дека и двајцата на фотографијата се во опуштено издание, особено Анстасија, која дури нема ни шминка на лицето. За новата песна на Анастасија се снимаше и спот. Српските медиуми објавија дека во спотот се појавува и манекен од Бразил, а снимањето на видеото чинело 20 000 евра.