(Фото) Дејвид Бекам оќелаве

Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам почна да ќелавее. Во неколку светски медиуми деновиве беа објавени папарацо-фотографии од Бекам сликани во Мајами, на Флорида, на кои косата му е проретчена.

„Убавата коса отсекогаш била заштитен знак на Дејвид. Тој почнува да ќелавее како што старее и веќе неколку пати беше на третман за пресадување за да ја згусне“, изјавил пријател на семејството Бекам за американскиот таблоид „Ас викли“.

43-годишниот фудбалер, кој е сопственик на фудбалски клуб во Мајами, неодамна пристигна во Америка каде што ќе остане до почетокот на фудбалската сезона, а потоа, според најавите, ќе живее на релација Америка-Англија. Со него во Мајами е и сопругата Викторија и нивните четири деца.

Текстот (Фото) Дејвид Бекам оќелаве е превземен од Reporter.mk.