Британските медиуми деновиве објавија слики на кои Дејвид Бекам е остарен, оќелавен и со брчки. Неговиот изглед ги разочара фановите ширум светот. Велат, Бекам, кој беше познат по густата коса и штосните фризури, веќе не личи на фраер и коментираат дека сега наликува на „средовечен чичко“.
Пред две години се пишуваше дека Бекам направил трансплантација на косата за да го задржи својот имиџ, но и покрај тоа косата на поранешниот фудбалер сега е проретчена. Тој последниве години скоро и да не излегува од дома без качкет или шешир, па тоа дополнително ги поттикна коментарите дека со капите крие дека полека ќелавее.
Бекам (45) во моментов е во Лондон со семејството, каде што се во домашна изолација. Иако скоро и да не излегуваат, папараците го фотографираа додека одеше во шопинг.
Текстот (Фото) Дејвид Бекам остарен и оќелавен е превземен од Reporter.mk.