Ракометарот на „Вардар“, Тимур Дибиров го запозна светскиот тенисер Роџер Федерер. Тој сподели и нивна заедничка фотографија, а сликани се во Дубаи каде ракометарот е на одмор со семејството.
Тимир Дибиров, руски ракометар, шест години игра во „Вардар“. Тој беше меѓу првите странци што дојдоа во клубот. Во интревју неодамна за “Репортер“ ни рече дека повеќе од 20 години игра ракомет, и на Олимпијада и на Светски првенства, ама дека најголемата љубов ја почувствувал само во Скопје. Тој во Дубаи е со сопругата Ирина, за која вели дека по седум минути знаел дека ќе му биде жена.
Текстот (Фото) Дибиров се дружеше со Федерер е превземен од Reporter.mk.