Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ која се здоби со сериозна повреда на раката за време на сообраќајната несреќа која ја доживеа минатата година, за прв пат се појави во јавноста со фотографија направена со сопственикот на „Пинк“ телевизија, Жељко Митровиќ.
„Мојата Деа е се подобро и подобро и наскоро се враќа на работа. Со крајни маки ја убедив да не доаѓа во сабота во телевизијата. Љубов наша“, напиша Жељко на фотографијата.
Деа во моментов се наоѓа во Клиничкиот центар во Србија, на одделот за ортопедија, а лекарите велат дека пред неа е долг период на опоравување. Таа во моментов се наоѓа во болничкиот центар на одделот за ортопедија, каде ја направи првата заедничка фотографија со нејзиниот шеф.
По неколку часа Деа ја објавила фотографијата на својот „Инстаграм“ профил. 27 годишната водителка се здоби со тешки повреди откако се најде помеѓу два автобуси и три автомобили, несреќа во која беа повредени уште две лица. Прво водителката имала полесен судар со друг автомобил, а во моментите кога излегла, за да ја прцени штетата, на неа налетал автобус.
Текстот (Фото) Директорот на „Пинк“ ја посети српската водителка Деа Ѓурѓевиќ е превземен од Reporter.mk.