Панчо и Андреј од ДНК се сликаа качени на трактор, некаде во Неготино и кажаа дека “дошол животот”. Членовите на „ар-ен-би“ дуото се пошегуваа дека ова им е новиот превоз.
„Дојде живот“, напиша Панчо на Фејсбук.
По ова следеа и коментари од типот: „На бугарски табли е тракторов?“.
Ден предходно Панчо се дружеше со двајцата македонски фолк пејачи Наум Петерски и Миле Кузмановски.
„Најголемите легенди и воедно најдобрите вокали на Македонската народна музика“, напиша Панчо.
Минатата година Андреј и Панчо го снимија спотот за нивната последна песна „Кога би знеала сè. Облечени како каубои, спотот го снимаа, во Чикаго, САД, во метро-станицата и на неколку различни локации во градот.
Текстот (Фото) Дојде живот за Андреј и Панчо е превземен од Reporter.mk.