Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ во многу интервјуа рекла дека не сака да го меша приватниот живот со работата, па речиси никогаш не објавува семејни слики. Затоа многумина се изненадија кога во емисија посветена на нејзиниот живот се појави нејзината сестра Драгица. Драгана откри дека Драгица живее во Србија и дека е нејзина најголема поддршка низ годините.
„Не би го постигнала овој успех во кариерата без мојата Драгица“, рече фолк-пејачката.
Исклучок од нејзиното правило да ја чува приватноста за себе е сопругот Тони Вјелиќ, кој често ја следи Драгана на јавни настани и промоции.
Текстот (Фото) Драгана Мирковиќ ја покажа сестра си Драгица е превземен од Reporter.mk.