(Фото) Драгана Мирковиќ на гала-забава со синот на Џон Ленон

По успешната летна турнеја, Драгана Мирковиќ се одмора во светската престолнина на џет-сетот, Монте Карло, каде што ужива со семејството, ги посетува знаменитостите, но и излегува да се забавува. При едно такво излегување друштво им правел Џулијан, синот на легендарниот Џон Ленон.

Фолк-пејачката и нејзиниот сопруг Тони веќе долго време се пријатели со многу светски sвезди и честопати може да се видат на приеми и забави со претставниците на џет-сетот, а така беше и овој пат кога излегоа во познатиот клуб „Џимис“ со друштво во кое се наоѓал и синот на славниот Битлс, и самиот познат музичар и фотограф.

Драгана на социјалните мрежи сподели фотографии од ноќната забава.

Текстот (Фото) Драгана Мирковиќ на гала-забава со синот на Џон Ленон е превземен од Reporter.mk.