(Фото) Драгана Мирковиќ во бикини

Откако српската пејачка Драгана Мирковиќ неколкупати во интервјуа изјавила дека никогаш не се сликала разголена и во бикини за списание оти не сакала кариерата да ја гради на голотија, на интернет се појави нејзина стара фотографија во бикини. Сликата, според српските медиуми, е од 1997 година, а е направена на Малдивите. Драгана носи жолто-син костим за капење, очила и шапка на сонце. Но, многу нејзини обожаватели не веруваат дека на сликата е таа.

„Тврдите дека е Драгана, а оваа жена може и да не е таа, не ѝ се гледа ликот“, стои во еден од коментарите на интернет.

Текстот (Фото) Драгана Мирковиќ во бикини е превземен од Reporter.mk.