(Фото) Дунавка и без Владо си го направи ќеифот

Манекенката и фармацевт Дунавка Трифуновска без своето момче, поп-пејачот Владо Јаневски, вчеравечер дојде на концертот на Здравко Чолиќ во Скопје. Таа цела вечер играше, се забавуваше и да ги пееше песните на балканската ѕвезда, и старите хитови, ама и поновите песни.

Познатата манекенка постојано е присутна во јавноста соо својата работа, модните ангажмани, снимањето спотови, а во последно време и заради врската со Владо Јаневски. Таа во интревју за „Репортер“, пред два месеца првпат јавно откри дека се заедно и го нарече Владо совршен љубовник.

„Со Владо одлично функционираме и како љубовници и како соработници. Тој ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно, се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, рече тогаш Дунавка.

(А.Ј)
Фото: Д. Перковски

Владо Јаневски е совршен љубовник, Дунавка ексклузивно за врската со пејачот

Текстот (Фото) Дунавка и без Владо си го направи ќеифот е превземен од Reporter.mk.