(Фото) Џамбазов мазен ко бебешки газ за Илинден

Актерот и шоумен Игор Џамбазов се избричи. Тој објави слика без препознатливата долга брада и се пофали дека за Илинден е мазен ко „бебешки газ“. Повеќето фанови го бендисаа со новиот имиџ: „Ауууу, не те познав, крајно време беше“, „На човек заличи“, „Е вака си поубав“, му порачаа тие на Џамбазов.

Игор, пак, веќе неколку месеци е во Дојран, каде што се одмора. Тој, откако пред неполна година отвори профил на „Инстаграм“, со фановите и пријателите скоро секојдневно споделува слики и видеа – од скорешната прослава на роденденот, преку честите дружења со пријателите, до разни сеќавања од минатото.

View this post on Instagram

Бебешки газ…

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

Текстот (Фото) Џамбазов мазен ко бебешки газ за Илинден е превземен од Reporter.mk.