Најбогатиот човек на светот недамна го собори рекородот во купување на најскапиот имот во Лос Анџелес кога купил имот вреден 165 милиони долари. Со тоа Безос постави нов рекорд на цената на недвижностите во Лос Анџелес. Имотот од девет хектари му припаѓал на Џек Варнер, покојниот сопственик на „Варнер Брос студиото“.
Варнер во 1930 година на имотот изгадил голем дворец со големина од 13.600 квадратни метри со дрвен под по кој одел и Наполеон. Во меѓувреме, дворецот е срушен, но имотот важи за еден од најпосакуваните во Лос Анџелес. Од таму има поглед на целиот град.
Имотот содржи и пространи тераси и градини, јасли, тениски терен, базен, игралиште за голф со девет дупки, посебен дел за мотори со сопствена сервисна гаража и пумпи за плин.
Безос неодамна за првпат во јавноста ја изнесе својата девојка Лорен Санчез. Заедно се појавија на црвениот тепих во индискиот град Мумбаи, каде е одржана вечера во чест на компанијата „Амазон“.
Ова е првпат во последните пет годни Џеф да ја посети Индија. Ваквата посета наиде на револт од страна на тамошното население кое излезе на протести пред зградата каде се одржа забавата.
Текстот (Фото) Џеф Безос го купи најскапиот имот во светот е превземен од Reporter.mk.