Најбогатиот човек на светот и основач и сопственик на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, со својата нова девојка, водителката Лорен Санчез размислуваат да купат вила во Бел Ер, вредна 88 милиони долари.
Безос и Лорен еден час го разгледувале дворецот во кој има 9 спални соби, 15 купатила, домашно кино, уметничко студио, вински подрум и базен.
Членови од тимот за недвижности велат дека вилата нуди спектакуларен поглед на Лос Анџелес и има прекрасна градина на кровот. Од агенцијата за недвижности објаснуваат дека кога Безос и Лорен прв пат ја разгледале оваа куќа, сето тоа го направиле во тајност, затоа што јавноста тогаш не знаела за нивната врска.
Тогаш морале да бидат потпишани и документи за тајност на податоците, а на некои од агентите не им било дозволно да разговараат со Безос и неговата љубовница, пишуваат светските медиуми.
Текстот (Фото) Џеф Безос и Лорен Санчез разгледуваат вила во Бел Ер вредна 88 милиони долари е превземен од Reporter.mk.