Актерката Џенифер Анистон и нејзината колешка и блиска пријателка Кортни Кокс, избегнале страшна несреќа, откако приватниот авион со кој требало да отпатуваат за Мексико, на полетувањето останал без едно од тркалата.
Немилиот настан се случил вчера на 15 февруари, кога приватниот авион на Анистон, за време на полетувањето аеродромот во Лос Анџелес, го изгубил тркалото, па морал итно да слета.
Екипажот веднаш утврдил дека не е безбедно да се слета на аеродромот во Кабо Сан Лукас, каде што двете актерки сакале да го поминат времето по повод роденденот на Анистон.
Анистон на 11 февруари наполни 50 години. Покрај неа во авионот Gulfstream Aerospace IV се наоѓале и нејзината колешка и другарка Кортни Кокс, позната и по нивната заедничка улога во серијата „Пријатели“, глумицата Аманда Анка, сценаристката Моли Кимел и уште осумина лица.
Патниците со екипажот минале три часа во воздух, пред конечно авионот слета на аеродромот „Онтарио Интернационал“.
Текстот (Фото) Џенифер Анистон и Кортни Кокс избегнале авионска несреќа е превземен од Reporter.mk.