(Фото) Џенифер Анистон се соблече топлес

Актерката Џенифер Анистон се најде на насловната страна на магазинот „Harper’s Bazaar”, во топлес издание. Ѕвездата од серијата „Пријатели“ изјавила дека немала никакви проблеми со фотосеијата и дека смета дека телото треба да се слави, без разлика на годините.

Анистон која во февруари наполни 50 години и понатаму изгледа како девојка. Фановите коментираат на социјалните мрежи дека нејзината линија и понатаму е на завидно ниво.

Медиумите сеуште шпекулираат за односот со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит, иако во меѓувреме Анистон беше во брак и со Џастин Терокс.

Таа вели дека не се откажува од љубовта и покрај турбулентните односи со нејзините поранешни сопрузи.

Текстот (Фото) Џенифер Анистон се соблече топлес е превземен од Reporter.mk.