(Фото) Џенифер Лопез го прослави 49 роденден

Џенифер Лопез го прослави својот 49 роденден со семејството и пријателите на Бахами.

„Моментална роденденска ситуација“, напишала пејачката под фотографијата со која се пофали на Фејсбук.

Честитки и пристигнале од милион фанови.

Current birthday situation… yup

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

„Кога бевме деца, родендените беа возбудливи само поради подароците кои ги добивавме. Сега гледам од прва рака дека тоа се има променето кај Џенифер. Таа ја пронајде среќата во давањето на другите. За некој кој дава се од себе за нашите деца и семејство 365 дена во годината, се надевам дека и ние денес ќе можеме на тебе да ти ја дадеме среќата која ја заслужуваш. Те сакам“, напишала нејзината посилна половина, легендарниот американски безбол играч Алекс Родригез.

 

Текстот (Фото) Џенифер Лопез го прослави 49 роденден е превземен од Reporter.mk.