Пејачката Џенифер Лопез се најде среде мега скандал за време на Филмскиот фестивал во Торонто. Пејачката откако се појави на црвениот тепих беше исфиркана од група присутни на настанот, а кон неа беа фрлани и транспаренти и харии со натписи од типот дека ги мрази животните.
Скандалот се случи откако заврши фотографирањето. Џенифер додека чекореше кон централната сака, кон неа почнаа да летаа хартии.
„Џеј Ло ги мрази животните“, „Џеј Ло престани да носиш вистинско крзно“, беа дел од навредливите транспаренти, со кои публиката фрлаше кон пејачката.
Активистите за права на животите ја исвиркаа музичката ѕвезда која посрамотена побрза да се тргне од црвениот тепих, додека нејзините помошници го чистеа патот пред и позади неа.
Текстот (Фото) Џенифер Лопез исфиркана и погодена со хартии на црвениот тепих е превземен од Reporter.mk.