Светската пејачка Џенифер Лопез го изненади своето момче Алекс Родригез за Денот на вљубените со подарок вреден 22.000 евра.
Џеј Ло на Алекс решила да му купи скапоцен часовник од брендот Audemars Piguet Royal Oak Chronograph. Поранешниот безбол играч вели дека бил воодушевен од изборот за подарок на неговата девојка.
Откако го ставил на раката, Алекс брзо направил фотографијата која ја споделил на социјалните мрежи.
„Фала ти бебо“, напишал Родригез на Инстаграм.
Текстот (Фото) Џенифер Лопез му подари на Алекс Родригез подарок вреден 22.000 евра е превземен од Reporter.mk.