Џенифер Лопез вели дека се чувствува како супер жена. 49 годишната пејачка и покрај преголемите обврски околу турнејата и тренинзите, успева да најде време и за близнаците Максимилијан и Еми кои ги доби од бракот со Марк Ентони.
Лопез е во совршена форма и изгледа сјајно, а своите емоции ги сподели со фановите на Инстаграм. Наведе деке досега одржала 12 концерти и дека на само три концерти до крајот на турнејата се чувствува како супер жена.
„Се чувствувам како супер жена по концертите. Кога ја започнав оваа мисија, помислив дека ќе успеам да истуркам 15 шоуа за 27 дена. Тоа е многу. Но си ветив на себе си дека наместо тоа да ме демотивирам, ќе бидам уште појака. Ќе вежба, и ќе бидам во најдобра животна форма. Имаше моменти кога бев уморна. Имав многу патувања и морав да ги вклопам моите вежби во тесниот распоред. Но, еве не на само уште три концерти до крајот. Ме обземаа толку емоции, но првично се чувствувам среќно и благодарно“, напишала Џенифер.
Џеј Ло веќе со години тренира бокс и секојдневно тренира со приватен тренер. Оттука многумина во коментарите велат дека има тело и форма на една 25 годишна девојка.
Текстот (Фото) Џенифер Лопез се чувствува како супер жена е превземен од Reporter.mk.