Џенифер Лопез во розев фустан како од бајките дојде на црвениот тепих на премиерата на својот нов филм “Second Act”, пренесува E!News. Со величествената розова тоалета на Жанбатиста Вали, таа ги засени присутните на црвениот тепих. Чантата и чевлите се од Џими Чу, а накитот на Лорејн Шварц.
Покрај Лопез во најновиот филм другите улоги ги толкуваат Мајло Вентимиља, Ванеса Хаџенс и Лиа Ремини. На официјалниот Инстаграм профил на филмот “Second Act” се појави и видео како Џенифер Лопез пристигнува на гала промоцијата во Њујорк.
Текстот (Фото) Џенифер Лопез со фустан од бајките на премиерата на својот филм е превземен од Reporter.mk.