(Фото) Џенифер Лопез со помодрено око

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез објави фотографија на социјалните мрежи со облог околу повреденото модро око. Лопез на фотографијата напиша гламурозен живот.

Американските медиуми пишуваат дека не им се познати причините за повредата, но голем број од фановите се загрижени дали пејачката во ваква состојба ќе биде во можност да ја продолжи планираната турнеја.

Лопез треба да ја одржи својата четврта турнеја It’s mu party tour, која ја организирала како своевидна прослава за нејзиниот 50. роденден. Во рамки на турнејата ќе се одржат 36 концерти и тоа на четири континенти.

Лопез ќе пее во Северна Америка, Европа, Азија и Африка. Пејачката јубилејните 50. години ќе ги наполни на 24 јуни, но за многумина таа сеуште изгледа дваесетгодини помладо.

Лопез на прашањето како го одржува својот младешки изглед, одговорила дека редовно конзумира кофеин, не пие алкохол и се обидува да има долготраен и квалитетен сон.

 

Текстот (Фото) Џенифер Лопез со помодрено око е превземен од Reporter.mk.