Актерката Џесика Алба на социјалните мрежи сподели фотографија од новите тетоважи кои ги направила на подлактицата на левата рака. Алба напиша дека ги истетовирала соѕвездијата од хороскопските знаци на нејзините три деца, ќерките Хонор и Хевен и синот Хејз.
„Хонор Близнаци, Хевен Лав и Хејз Јарец“, напишала Џесика под фотографијата.
Алба пред три години во интервју за списанието Allure изјавила дека се кае поради тетоважите кои ги направила на 18 години. Таа изјави дека никогаш не и се допаднале.
Овој пат изјави дека новите тетоважи засекогаш ќе и останат драги.
View this post on Instagram
@_dr_woo_ #drwoo Honor Gemini ♊️ Haven Leo ♌️ Hayes Capricorn ♑️ #hideawayatsuitex
Текстот (Фото) Џесика Алба се пофали со нови тетоважи е превземен од Reporter.mk.