(Фото) Џесика Симпсон по бременоста ослабна 50 килограми

Популарната американска пејачка Џесика Симпсон, по бременоста успеала да ослабне повеќе од педесет килограми, пишуваат светските медиуми. Таа успеала да ја доведе својата фигура да совршенство, иако претходно тежела и повеќе од 110 килограми.

Со својот одличен изглед, Симпсон се пофали на фановите. Таа објави фотографија со новиот изглед, а од обожавателите доби голем број пофални коментари. Нејзиниот тренер откри за медиумите како со Симсон направиле план и почнале да водат грижа за нејзиното тело, но и здравје.

„Не пробавме со никакви екстремни диети ни програми за вежбање. Се договоривме само дневно да направи 12.000 чекори, секој ден пред да си легне во кревет. И беа потребни 7 часа сон и барем 1 час дневно да биде без технологија“, објаснил тренерот.

 

Текстот (Фото) Џесика Симпсон по бременоста ослабна 50 килограми е превземен од Reporter.mk.