(Фото) Џони Деп повреден во болница, Амбер Херд го горела со цигари

Актерот Џони Деп во јавноста објави фотографија од него, како повреден лежи во болница. Овој потег актерот го направи откако неговата поранешна партнерка Амбер Херд го обвини дека трпела физичко нисиле од него.

Деп не само што ги демантирал ваквите наводи, туку тврди дека Амбер е таа која што го малтретирала него. Како доказ приложил фотографија, на која тој е повреден, а наводно Амбер го погодила со шише. Деп вели дека му го повредила прстот и дека угасила цигара од неговиот образ.

Се работи за тепачка која се случила во март 2015 година во Австралија. Деп тврди дека не се точни тврдењата на Амбер дека тој бил пијан. Тој вели дека цел ден ја избегнувал и дека во тој момент бил трезен повеќе од година дена.Амбер како што вели Деп, го следела до куќата и додека се расправале, тој си сипал вотка и ја испил.

Во еден момент, како што вели Деп, Амбер го погодила со шишето, а потоа со друго шише му го повредила прстот. Деп тврди и дека Амбер му изгаснала цигара од неговиот образ. Фотографијата која Деп ја приложил, настанала во болница во Австралија, неколку часа по тепачката.
Амбер Херд на судот на почетокот на оваа година го обвинила Деп дека постојано ја тепал и ја давел за време на нивниот краток брачен живот. Сведочела за неколку ситуации кога наводно, од некои од неговите напади, таа на телото се здобила со видливи повреди.

По тој повод актерот ја тужел Амбер за клевета. Потоа Амбер во декември во 2018 година, напишала изјава во која истакнува дека била жртва на семејно насилство, но не го навела името на злосторникот.

Џони ваквиот нејзин потег го опишал како вешта смислена измама. Сега Амбер тврди дека Џони имал обичај да стане друга личност, често насилна и нестабилна. Во судските документи, таа го нарекува монструм.

„Џони често не се сеќаваше на своето ненормално и насилно однесување, откако ќе се отрезнеше од алкохолот и останатите супстанци. Верував во неговите ветувања дека ќе се промени, затоа што го сакав. Но, погрешив“, пишува во документите на глумицата.

Уште еден наводен напад, како што пишува во документите, се случил на патувањето во Австралија.

„Таа ноќ, Џони ме фрли на маса за пинг-понг, а од силниот удар, масата се скрши. Фрли шише низ стаклената врата, ка скрши, а стакло имаше насекаде на подот. Потоа ќе ме грабнеше за телото и ќе ми ја скинеше ноќницата. Бев гола, боса и прекриена со алкохол и стакло“, навела Амбер.

 

 

„Во еден од најстрашните моменти во текот на тоа тридневно патување, Џони ќе ме фатеше за вратот ќе ме залепеше за кујнскиот шанк. Се борев за да се подигнам, но рацете и нозете ми се лизгаа по шанкот од алкохолот и стаклото кое ми ја сечеше кожата на рацете и нозете. Бев уплашена за мојот живот“, изјавила Амбер.

„Ме повредуваш, ми ја сечеш кожата“, му викала Амбер на Деп, кој целосно ја игнорирал и продолжил да ја удира.

Во друг случај, Амбер вели дека била нападната за време на еден лет од Бостон до Лос Анџелес. Џони дознал дека снимала љубовна сцена со колегата Џејмс Франко.

„Намсето да реагирам на неговото насилно однесување, едноставмо го променив седиштето. Но, тоа не го спречи. Му ја турна столицата на мене, додека минував и го викаше името Џејмс Франко“, вели Амбер.

Во документите е наведено дека Џони подоцна преку смс порака и се извинил.

„Повторно сум посрамотен и се кајам. Жал ми е. Навистина не знам што се случи, но тоа нема да се повтори“, напишал Деп.

Текстот (Фото) Џони Деп повреден во болница, Амбер Херд го горела со цигари е превземен од Reporter.mk.