(Фото) Џуд Лоу во бели гаќички во Венеција

Англискиот актер Џуд Лоу (46) денoвиве престојува во најпознатиот италијански туристички град Венеција, каде што ја снима серијата „Новиот папа”, во која уште еднаш ќе го отелотвори ликот на Лени Белардо, односно папата Пие XIII.

Тој секојдневно може да се види како трча во шорц и маица, но најголема збрка предизвика на сетот поставен во море. Всушност, само во бели гаќички за капење го покажа  торзото, а папараците брзо ја искористија можноста да го фотографираат.

На плажа во Венеција , славниот актер во новата улога

На песочната плажа, со него беше и актерката Лудивина Сањер (39), која исто така  глуми во новата серија. Покрај нив, во серијата ќе се појават и холивудската акетрка Шерон Стоун (61), Џон Малкович (65), Сесил де Франс (43) и други познати имиња во Холивуд, а во режија на Италијанецот Паоло Сорентино(48).

Од снимањето на серијата

Британскиот актер, покрај снимањето, во моментов планира свадба со психологот Филипа Коан (32). За актерот тоа ќе биде втор брак, а свадбата треба да се одржи во Франција. Лоу планира голема забава со многу негови колеги актерки, меѓу кои и Џони Ли Милер (46), Еван Мекгрегор (48), Шон Пертви (54) …

Текстот (Фото) Џуд Лоу во бели гаќички во Венеција е превземен од Reporter.mk.