Глумецот Крис Нот, кој се прослави со улогата на Ѕверката од култната серија „Сексот и градот“, се пофали дека има нова фризура, откако сам си ја избричи главата. Тој објави слика на која е ќелав.
„Одлучив дека справувањето со коса е излишно додека сум во карантин“, напиша Нот на „Инстаграм“.
Новиот имиџ на Ѕверката им се допадна на неговите фанови.
„Прекрасен си без оглед на сѐ, неверојатен маж и актер. Поздрав од Мексико“, „Секогаш вљубена во Ѕверката“, „Ти стои“, „Без коса или со коса секогаш ќе бидеш Ѕверка за многумина“, му порачаа обожавателките.
Коментар му остави и Сара Џесика Паркер, која во серијата ја глумеше Кери Бредшо, неговата партнерка.
„Не знам зошто чекаше толку долго“, напиша таа.
Текстот (Фото) Ѕверката од „Сексот и градот“ сам ја избричи главата во карантин е превземен од Reporter.mk.