(Фото) Еди Рама глуми во филм: Албанскиот премиер со долга коса

Албанскиот премиер Еди Рама глуми во најновиот филм на Ермал Мамаќи „Ја сакам Тропоја“, пишува „Коха јоне“. Сè уште не е познато каква е улогата ќе игра шефот на албанската влада, но на социјалните мрежи се појавија првите негови слики на кои тој има долга црна коса и чудно око.

Според медиумите, една од причините што Мамаќи го поканил Рама во филмот е публиката. „Коха јоне“ пишува и дека со улогата премиерот сака да го одвлече вниманието од политичката криза во земјата.

Рама, освен како премиер и политичар, го привлекува вниманието на јавноста со својот стил на облекување. Тој е препознатлив по тоа што комбинира спортски патики со класични костуми, па често се облекува во тој стил на официјалните средби со светските политичари.

Текстот (Фото) Еди Рама глуми во филм: Албанскиот премиер со долга коса е превземен од Reporter.mk.