(Фото) Ел Чапо и неговата сопруга Ема во светот на Симпсонови

Италијанскиот уметник и активист Александро Паломбо објавил цртежи од познатиот нарко бос Ел Чапо и неговата сопруга Ема Коронел, претставени како ликови од цртаната серија „Симпсонови“.

Цртежите стигнале и до Ема, а сопругата на Ел Чапо ги објавила на својот Инстаграм профил. Ема е прикажана во различни воодушевувачки комбинации.

Покрај нив двајца на цртежите се појавуваат и познати ликови од серијата Симпсонови, како што се новинарот Кент Брокмен, полицаецот Кленси Вигам, а ги има и двете ќерки на Ел Чапо и Ема.

Цртежите ја прикажуваат Ема на сатиричен начин, со оглед на тоа дека авторот воглавно се осврнал на нејзините веќе посточеки фотографии од Инстаграм.

Во повеќето од цртежите на кои е Ема, прикажана е и зградата од судот во Њујорк, каде во моментов му се суди на нејзиниот сопруг.

Италијанскиот уметник и претходно објавувал вакви слични цртежи, а меѓу нив се и оние од 2015 година кога го илустрирал бегството на Ел Чапо.

 

Текстот (Фото) Ел Чапо и неговата сопруга Ема во светот на Симпсонови е превземен од Reporter.mk.