Поп-пејачката Елена Ристеска, вчера се врати од Америка, каде беше скоро еден месец. Пејачката објави нови фотографии и најави дека наскоро ќе промовира нов спот. Сликана е на плажите на Мајами, Флорида, а многумина коментираа дека изгледа секси, во кадрите од новиот спот. Елена пред да замине за Америка, го промовираше спотот за новата песна „Снаге за крај“ која и ја напиша Сергеј Ќетковиќ.
Текстот (Фото) Елена го живее духот на Мајами е превземен од Reporter.mk.