Во краток црн фустан и римјанки до колена, поп-пејачката Елена Ристеска се прошета во центарот на Менхетан во Њујорк. „Њујорк, те сакам“, напиша таа покрај фотографијата што ја објави на социјалните мрежи. Деновиве таа со своите обожаватели споделува слики и видеа од патувањето во Америка, па се пофали и дека со другарките била на некои од најубавите места во градот.
Елена е веќе десетина дена во Америка. Најпрво се сончаше на плажите во Мајами, а сега се забавува во Њујорк.
„Неколку недели ќе бидам во Америка, дојдов на шетање. Сега сум во Мајами, а следната недела ќе одам во Њујорк“, откри Елена за „Репортер“ пред две недели кога пристигна на Флорида.
Таа е во Америка е со својата другарка Ивана, со која се знае 12 години. На патувањето се виде и со неколку свои пријатели и соработници што живеат таму. Меѓу нив е и Кирил Џам, нејзиниот продуцент и менаџер од Русија.
(А.Ј)
Текстот (Фото) Елена Ристеска шик во Њујорк е превземен од Reporter.mk.