(Фото) Елена Ристевска со цела српска естрада на свадбата на Данијела Кариќ

Пејачката Даниела Кариќ и Иван Милеусниќ вчераа се венчаа во Белград во храмот „Свети Сава“.  Облечени во народни носии, наместо во венчаница и модерно одели, младенците по црквата замнинаа во во ресторан каде беше и прославата.

Освен пријателите и роднините, на свадбата присуствуваа и јавни личности, меѓу кои Снежана Џакиќ, Драган Којиќ Кеба со сопругата, Мјерима Његомир, Ана Николиќ, Александра Пријовиќ со Филип Живојиновиќ, Мина Костиќ, Дара Бубамара и многу други. Меѓу нив и македонската поп-пејачка Еленеа Ристевска, која неодамна сними дует до Даниела Кариќ. Елена сподели неколку фотографии од свадбата на социјалните мрежи.

Таа , неодамна во една емисија  раскажа дека Даниела и нејзиниот сопруг ги запознала уште од времето кога била во „Твоето лице звучи познато“ и отогаш се добри пријатели.

 

Текстот (Фото) Елена Ристевска со цела српска естрада на свадбата на Данијела Кариќ е превземен од Reporter.mk.