Со црна бунда, очила за сонце и чизми на висока потпетица, застаната среде Менхетан, фолк-пејачката Елена Велевска се пофали дека е во Њујорк. Таа објави неколку слики и видеа на профилите на социјалните мрежи, а фановите го пофалија нејзиниот изглед, велејќи дека изгледа „шик и урбано, како и градот во којшто се наоѓа“.
Велевска од пред празниците е на турнеја во Америка. Таа пееше за Македонците во Индијана за Нова година, имаше настапи во Њујорк и Њу Џерси, а ќе пее и во Детроит, Мајами и Чикаго. Пејачката последниот концерт во Америка ќе го одржи на 2 февруари.
Текстот (Фото) Елена Велевска шик во Њујорк е превземен од Reporter.mk.