(Фото) Елизабет Харли претерала со фотошоп

Англиската глумица и поранешен модел, Елизабет Харли, на „Инстаграм“ објави слика во бикини на која изгледа многу послабо отколку што е навистина. Фановите под сликата ѝ оставија куп коментари дека претерала со фотошопот и дека тоа се забележува на градите, на половината и на колковите. Не е првпат јавноста да ја критикува 54-годишната Харли заради претераното средување слики во фотошоп. Некои од нејзините фанови на „Твитер“ ја објавија сликата од „Инстаграм“ и ја споредија со друга слика, на која нема фотошоп. „Ова не се истите колкови“, стои во коментарот.

Текстот (Фото) Елизабет Харли претерала со фотошоп е превземен од Reporter.mk.