Светски-познатата манекенка Емили Ратајковски се пофали дека е една година во брак и објави топлес-фотографија на „Инстаграм“ на која ги покажа свршеничкиот дијамантски прстен и бурмата.
„Пред една година отидовме во градското собрание со најблиските пријатели. Каква година беше ова! Бракот со тебе е една од најголемите радости во мојот живот. Среќна годишнина“, напиша Емили под фотографијата.
Ратајковски е во брак со Себастијан Бер – Меклард. Двојката се венча лани во тајност, по само три недели врска.
Текстот (Фото) Емили Ратајковски топлес прослави годишнинина од бракот е превземен од Reporter.mk.