(Фото) Емилија Розман прослави роденден во изолација

Во фустан со длабоко деколте, розови балони и торта со ликот на „Хари Потер“, поранешната Мис на Македонија, Емилија Розман, славеше роденден. Таа овојпат роденденот го прослави во изолација. На социјалните мрежи објави неколку фотографии и откри дека наполнила 28 години. Пријателите ѝ честитаа и ѝ посакаа догодина да направи голема журка за да надокнади што овојпат слави сама.

Инаку, Емилија е последната Мис на Македонија, а титуалата ја освои во 2014 година. Таа потоа се натпреваруваше на изборот Мис на светот, но и на уште неколку големи избори на убавина.

 

Текстот (Фото) Емилија Розман прослави роденден во изолација е превземен од Reporter.mk.