Поранешната Мис на Македонија, Емилија Розман, летува во Монако. „Да проверам нешто“, напиша таа на „Фејсбук“ пред да отпатува кон познатото летувалиште и го означи Монте Карло како нејзина дестинација. Таа на своите социјални мрежи сподели неколку слики од летувањето, меѓу кои и топлес на најпознатата плажа во градот, ама и фотка дека одмора на една од јахтите во пристаништето.
Емилија беше избрана за Мис на Македонија 2015 година, кога ја претставуваше земјава на изборот за Мис на светот во Саниа, Кина. Таа пред два месеца беше избрана за „Мис интернационал туризам во Бугарија“. Тогаш, за „Репортер“ рече дека жали што татко ѝ не дознал за титулата, оти почина пред една година.
„Кога ме прогласија за Мис почнав да плачам, малку од среќа што победив, малку од тага дека не можам да се јавам кај татко ми, што ни беше традиција по секој избор. Оваа победа му ја посветувам нему. Ама се надевам дека гледа од некаде и се радува за мене“, рече тогаш Емилија.
Текстот (Фото) Емилија Розман топлес во Монако е превземен од Reporter.mk.